Заев со 40 илјади невработени ја турка државава кон грчко сценарио наместо подобрување


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Зоран Заев не може да ја вади државата од криза, затоа што тој ја внесе во криза.


 

Заев со 40.000 невработени ја турка државата кон грчко сценарио наместо подобрување.

Неспособноста да менаџира предизвика 1 милијарда евра нов долг, со што го задолжи секое семејство за 2000 евра, за само 3 месеци.

И наместо пари за фирмите и граѓаните, Заев и Нина Ангеловска дела пари на своите фирми.

Додека граѓаните и фирмите се соочуваат со неликвидност функционерите на власта исплаќаат помош на свои фирми.

Резултат како што вели самиот Заев – можеби се 22, можеби 30 илјади, а во реалноста се повеќе од 40 илјади отпуштени работници.

Крахот на економијата е факт кој го говорат и официјалните институции. Денес стигна и официјален податок дека приходот во буџетот од даноци во август, месец на одмори и кој вообичаено се одликува со зголемен промет во земјата, но Заев има намалена наплата на ДДВ за цели 14%, тоа значи дека прометот во земјата е намален и има намалена економска активност.

Од друга страна данокот на добивка на фирмите е намален за 28.9%, што е пад за 1/3 и што алудира дека голем број на фирми ќе се соочат со нелеквидност.

Дополнително падот во персоналниот данок на доход од 10%, говори за отпуштањата и намалените примања.

СДСМ ја уништи економијата. Уште една криза ќе значи целосен крах за економијата.

Зоран Заев и СДСМ не можат да ја извадат Македонија од криза.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ