Заев: По повеќе од 10 години учениците од ОУ „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром добија современа спортска сала


– Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ја пуштија во употреба новата спортска сала во  ОУ „Вера Јоциќ“, во населба Хиподром, Општина Гази Баба.



-Во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици. Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на училиштето. Повеќе од 10 години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“, исакна премиерот Заев.

Градоначалникот Георгиевски рече дека новата сала има целосна спортска опрема, реквизити, соблекувални со санитарни јазли и туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен, поврзан на топловодната мрежа.

-Гази Баба во едно минато време беше целосно заборавена од институциите, но сега имаме сигурен партнер во Владата, со која работиме заедно во интерес на граѓаните. Како градоначалник на Општина Гази Баба сум благодарен на големата поддршка која општината ја има од страна на Владата во реализација на зацртаните проекти, истакна градоначалникот Георгиевски.

Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост.