Заев откако смени име и се откажа од идентитетот нема право да збори за црвени линии, тој даде се, а народот не доби ништо


Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска - МИА

На ветото од Бугарија е напишано името на Зоран Заев. Човекот нема ниту еден успех постигнато во надворешната политика.

Впрочем на референдумот за името ја убедуваше целата јавност дека смената на името ќе значи влез во Европската Унија. Откако го смени името, постигнувајќи договор кој претходно не го прифати ниту една македонска влада се насочи кон постигнување на договор за добрососедство и пријателство со источниот сосед  за кого сега од неговата партија изјавуваат дека никогаш не би го потпишале да знаеле дека Бугарија ќе не блокира.

Прашањето е откако не блокираше Бугарија и признаваат дека источниот сосед „ја превеслал жеднa преку вода“ македонската дипломатија, што презема Зоран Заев да го смени тоа! Во меѓувреме направена е трајна штета на македонските позиции, бидејќи играта „all in“ на Заев се претвори во „big disaster“ ставајќи ги на маса и името, јазикот, историјата, народот.

Заев откако смени име, се откажа од идентитетот нема право да збори за црвени линии. Тој даде се, а народот не доби ништо. Впрочем нема црвена линија која не ја сруши и од која не отстапи Заев. За каква црвена линија збори Заев, онаму каде што Пендаровски вели дека Делчев е Бугарин, или пак онаму каде што Каракачанов вели дека семејството на Димитров се добри Бугари, а тој не реагира.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*