Заев од Женева: ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива


ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива освен интеграцијата во Унијата. Процесите мора да продолжат бидејќи постои можност за развој на национализмот, популизмот и радикализмот, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев по лидерскиот состанок за Западен Балкан, што се одржува во Женева во организација на Светскиот економски форум.

Премиерот Заев оцени дека е добро тоа што Хрватска ќе претседава со ЕУ од јануари 2020 година, бидејќи ќе биде фокусирана кон регионот и изрази надеж дека на Самитот во Загреб ќе има позитивна одлука и за Република Северна Македонија и за Република Албанија и за целиот регион, соопшти владината прес-служба.

Претседателот на Владата на прес-конференцијата посочи дека за нашата држава, не станува збор само за тоа дека е земја кандидатка 14 години, туку го развива успешно мултиетничкото општество преку концептот Едно општество за сите, направи реформи, договори со Бугарија и Грција и од авторитарен режим ја обнови демократијата. Направивме толку многу.

Претставниците на Светскиот економски форум се согласија дека политичките можности се важни, како и дека постои поврзаност на политичката соработка со социјалната и економската соработка. Посочено е на тоа што е разговарано на денешниот состанок, за важноста од новите технологии и компетитивноста коишто можат да го движат економскиот раст и да отвораат работни места. Оценето е дека денес за економскиот раст работите се во позитивен правец и дека секоја од државите има преземено реформски чекори за инклузивен раст и поголема регионална интеграција. Констатирано е дека ова има многу можности, што ги отвора четвртата индустриска револуција, како и дека во соработка меѓу Светскиот економски форум и земјите од Западен Балкан ќе биде лансиран регионалниот акцелератор за претприемништво и ќе се воспостави регионален совет за компетитивност.

На прес-конференцијата, секој од лидерите на земјите од Западен Балкан изрази благодарност за продуктивноста и можноста за отворената дебата од Светскиот економски форум за економскиот развој на регионот како и за политичките перспективи, коишто сите лидери, ги гледаат во европските интеграции, се додава во соопштението на владината прес-служба.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]