Заев му заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за изразената поддршка


Заев му заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за изразената поддршка - МИА

Скопје, 7 јули 2020 () – Лидерот на СДСМ денеска во објава на Фејсбук му се заблагодари на шпанскиот премиер Педро Санчез за изразената поддршка за коалицијата Можеме на претстојните предвремени парламентарни избори во земјава.



– Ти благодарам Педро Санчез за поддршката. И како сојузници во НАТО и како идни партнери во ЕУ, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани. Можеме, наведува Заев во објавата на македонски и на шпански јазик.

Санчез во видео обраќање испрати порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“, што, како што вели, „ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ“.

– Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план. Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех, наведува Санчез во пораката.


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*