Заев ја уништи македонската економија


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

 


 

СДСМ и Заев ја втурнаа Македонија  во економска криза.

Македонските граѓани дека се наоѓаат во економска криза говори и индустриското производство кое е во пад за 33,5% споредбено со минатата година.

Додека пак бројот на вработени во индустријата е намален за 5,2% споредбено со јуни месец 2019 година.

Извозот падна за 22,3%, а увозот за 18,1% споредбено со првите шест месеци од 2019 година.

Јавниот долг е неверојатни 6,5 милијарди евра.

Македонија е дополнително задолжена за 1 милијарда евра, а буџетската дупка во првите седум месеци изнесува 520 милиони евра.

Време е и Заев да и објасни на македонската јавност зошто се кријат податоците за бројот на невработени лица од Агенцијата за вработување која нема објавен ниту еден податок колку лица останале без работа последниве два месеци.

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на СДСМ и Зоран Заев.