Заев и СДСМ немаат потенцијал и капацитет за справување со економските и здравствените предизвици во Македонија



ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Предвремените парламентарни избори се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ.


 

Заев е последниот остаток од транзицијата кој мора да биде поразен, затоа што со таков политичар Македонија нема европска иднина, затоа што истиот е антипод на европските вредности.

Покажа во овие три години дека ниту економски успеси немаше, немаше ниту правда, немаше ниту борба против криминалот, туку напротив беше носител на сите порази, неуспеси на Македонија и на крајот на краиштата беше синоним за корупцијата.

Заев и Филипче наместо да се грижат за здравјето на граѓаните се грижат само за своите политички поени. Во сред криза, власта размислуваше политички, а не стручно.

Ситуација е вон контрола уште од сам почеток, кога СДСМ не го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ и не спроведе масовен скрининг преку обемно тестирање на населението, за навреме да ги одвои сите потенцијално заразени.

Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата.

Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа.

СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски.

Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза  во државата која секој ден е се полоша и за која треба активни мерки кои истата да се надмине.

 

 

Ниту граѓаните, ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ, бидејќи покажаа дека ниту знаат, ниту можат да се справуваат со целата криза. Секој живот и секое работно место е важно да се спаси и тоа може да се направи само ако Заев не е на власт во Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ