Заев и Анѓушев: Работиме за продлабочување на одличната соработка со Германија

Претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска одржаа средба со делегација на Германското стопанство, како и со претставници на германски компании кои работат во земјава. На средбата присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на Агенцијата за катастар и недвижности и на Фондот за здравствено осигурување, Борис Тунџев и Ден Дончев, соопшти владината прес-служба.

Истакнувајќи дека Сојузна Република Германија е стратешки економски партнер на Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев посочи дека во земјата успешно функционираат околу 200 компании со германски капитал, што вработуваат над 20 илјади лица.

-Тука сме денеска за да ја почувствувате нашата свесност за вашиот придонес во македонската економија. Сметајте на нас, на мене лично и на вицепремиерот Анѓушев. Секоја ваша критика е аларм да ги отстраниме слабостите. Верувам дека во нашата држава се повеќе ќе ги вградуваме европските стандарди и механизми, потенцираше премиерот Заев на средбата.

Тој подвлече дека извозот од Северна Македонија кон Германија бележи раст од 17 отсто и е речиси тројно повисок од увозот, како и дека земјава прави напори тој уште повеќе да расте.

-Токму заради тоа напорно и посветено работиме да ја продлабочиме веќе воспоставената одлична соработка. И не само тоа – искрено сме насочени таа соработка уште повеќе квалитативно да ја подобриме. Потенцијалот за соработка е огромен. Ние сме отворени за влез на нови германски компании на македонскиот пазар, заклучи Заев.

На состанокот, што инаку беше четврт, редовен квартален состанок,  Анѓушев посочи дека како и досега, и натаму Владата ќе биде респонсивна за барањата на компаниите.

-Тука сме за заедно да ги надминуваме предизвиците со кои се соочувате и навистина правиме се што е во наша можност. Верувам дека преку честата комуникација со стопанството, што ја правиме, полесно и поефикасно ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат компаниите, додаде вицепремиерот Анѓушев.

Претставниците на компаниите со германски капитал ги посочија најкрупните предизвици со кои се соочуваат при нивното работење. За дел од нив, проблем е недостигот на квалификуван кадар во определени струки, за други заштитата на животната средина.

Претставниците на компаниите со германски капитал во земјава, како и претседателот на делегацијата на Германското стопанство во земјава, Патрик Мартенс ја поздравија отвореноста на Владата за честите заеднички средби.

-Очекуваме државата да работи уште понапорно за да ги подобри условите и Република Северна Македонија да биде уште поатрактивна земја за инвестирање. Ние ги охрабруваме и другите компании да инвестираат тука, бидејќи сакаме и натаму да ја развиваме оваа земја, заклучи претседателот на делегацијата на Германското стопанство во земјава, Патрик Мартенс.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]