Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името, туку и за долгорочно стратешко партнерство


Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името, туку и за долгорочно стратешко партнерство - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Премиерот Зоран Заев во рамки на својата дводневна работна посета на Атина, вечерва се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза Алексис Ципрас.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутираше за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги откочи евроатланските процеси на Република Северна Македонија која оваа година стана членка на НАТО и ги очекува стартот на преговорите со Европската Унија, веднаш по меѓувладината конференција која треба да се одржи додека со Советот на ЕУ претседава СР Германија.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес.

 

Договорот од Преспа, како што се наведува, не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји.

– Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите, се вели во соопштението.

Двајцата соговорници се согласија дека по две години од Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот во двете земји прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите на двете земји.

На средбата што се одржа во Парламентот на Република Грција, присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*