Заев, Царовска и Димитров во Припор: Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот


Заев, Царовска и Димитров во Припор: Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот - МИА

Скопје, 10 јули 2020 () – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителите на кандидатската листа во ИЕ 1, Мила Царовска и Никола Димитров денеска на трибина во Припор разговараа со граѓаните и ги повикаа на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме”.

– Имавме храброст и став и мудрост да имаме наша татковина. Да имаме наша земја. Да имаме имотен лист и повеќе да не сме ФИРОМ. Имаме земја признаена од целиот свет. Чесно му служевме на народот. Не калкулиравме. Ја дигнавме економијата. Покажавме дека Можеме. Македонштината никогаш не била погорда. Целиот свет ни е пријател и имаме поддршка. Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот, на човечињата, на мракот, рече Заев.

Царовска рече дека многу направивме минатите две и пол години за граѓаните.

– Три работи ќе истакнам. Сите сиромашни домаќинства добија за 300% повисока социјална помош. Со детскиот и образовниот додаток работиме на намалување на детската сиромаштија. Ја зголемивме минималната плата за 60% и многу ме разалоштува тоа дека опозицијата нуди минимална плата од 13.000 денари што е за 1.500 денари помалку од сегашната минимална плата којашто изнесува 14.500 денари. Ги зголемивме пензиите и ќе продолжат да растат. Минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари, рече Царовска.

Никола Димитров истакна дека не излегувањето на гласање значи враќање назад.

– Чуда направивме за две и пол години.  На чекор сме до ЕУ. Немаме избор. Нема враќање назад. Затоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити не води назад. Да си ја зграпчиме шансата можеме многу да направиме во сите сфери, рече Димитров.

 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*