Заeдничка акција на Владата, Делегацијата на ЕУ и УНИЦЕФ за подобар правосуден систем за децата


– Дел од владиниот кабинет заедно со Делегацијата на Европската Унија и УНИЦЕФ денеска ќе отпочнат заедничка акција за правосуден систем по мерка на децата.



Настанот ќе се одвива онлајн, а од Владата ќе учествуваат министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Од Европската унија ќе учествува евроамбасадорот Дејвид Гир, а од УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

Во панел дискусијата, во која ќе учествуваат експерти и практичари од системот на правда за децата и за социјална заштита, ќе се даде осврт на главните тешкотии со кои се соочуваат децата и стручните работници при остварувањето на правата на децата во правосудниот систем.