Време е Ковачевски да се исели, нема пратеници за промена на Устав, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

358739023_795731572295018_3064735634553616799_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Уставни измени нема да има, Ковачевски нема пратеници за промена на Устав, нека се спрема за брзо заминување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата од премиерот Димитар Ковачевски.


„Ковачевски ако имаше пратеници за уставни измени истите ќе ги ставеше на гласање многу одамна. Утре ќе се види повторно дека промена на Устав нема да има. Се што прави Ковачевски е држење на државата во заложништво заради неговата желба ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски и власта продаваат магла, нивните пајташи низ државата прават криминал, договараат тендери и матни зделки, а народот се иселува“, велат од партијата.

Тие додаваат: „Време е Ковачевски да се исели од владата, а не народот од државата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK