Воведени три нови типови инсулин кои не се од паралелен увоз


Препораки за справување со коронавирусот за лицата со дијабетес - МИА

Скопје, 12 јули 2020 () – Воведени се три нови типови на инсулин – два инсулински аналога, инјектибилни и таблетарни. Сите пациенти со дијабетес сега добиваат оригинални инсулини со сертификат за квалитет, којшто не е од паралелен увоз. Дополнително, се набавени и 10 инсулински пумпи, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството посочија дека во буџетот за годинава се обезбедени 750 милиони денари за набавка на инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин.

– За споредба, во 2018 година буџетот изнесувал 650 милиони денари, а во 2019 година – 692 милиони денари, што покажува котинуиран раст на средствата во буџетот за третман на пациентите со дијабетес, истакнуваат од МЗ.

Од Министерството посочија дека паралелно со ова, на Клиниката за ендокринологија е набавена нова медицинска опрема и нов современ ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда. Обновен e и офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*