Вонредната супервизија на АЗЛП во ДИК утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци



Падна сајтот на ДИК за објавување на резултатите од гласањето - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) во врска со инцидентот што се случи на 15 јули 2020, за денот на изборите на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) изврши вонредна супервизија во ДИК, соопшти Агенцијата.

– Вонредната супервизија беше извршена по службена должност со цел да се провери и истражи евентуалното нарушување на безбедноста на личните податоци кои ги обработува ДИК, поврзано со инцидентот што се случи вечерта на 15 јули 2020 година, непосредно по одржувањето на вонредните парламентарни избори 2020 година, велат во соопштението.

АЗЛП утврдила повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на ДИК, бидејќи не применила соодветни технички и организациски мерки во однос на заштитата на веб страниците и информатичката инфраструктура за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

– ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за спроведување на парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува безбедност на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци. ДИК при ангажирање на Дуна ДОО Скопје како обработувач, постапила спротивно на прописите за заштита на личните податоци. ДИК при користење на нови технологии за некој вид на обработка (во конкретниот случај софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје), не извршила проценка на влијанието на предвидените операции на обработката во однос на заштитата на личните податоци, наведуваат од АЗЛП.

ДИК, додаваат, поставува документи со лични податоци на Google Drive и истите ги објавува на своите веб страници, со што врши пренос на личните податоци. Воедно, како што наведуваат од Агенцијата, ДИК ги користи услугите на CloudFlare чија главна инфраструктура е лоцирана надвор од територијата на Република Северна Македонија. Оттука, посочуваат, ДИК постапила спротивно од општото правило за пренос на личните податоци.

– ДИК (како контролор) и Дуна ДОО Скопје (како обработувач) не ја исполниле обврската за известување за нарушување на безбедноста на обработката на личните податоци до АЗЛП. ДИК не ги документирала нарушувањата на безбедноста на личните податоци и немала воспоставено внатрешен процес на евидентирање на нарушувањата на безбедноста на личните податоци. ДИК не ја исполнила обврската за определување на офицер за заштита на личните податоци. ДИК не определила администратор на информацискиот систем, наведуваат од АЗЛП како дел од утврдените повреди од страна на ДИК.

За извршената вонредна супервизија АЗЛП донела решение со мерки за отстранување на утврдените повреди и рокови во кои ДИК треба да постапи и да го усогласи своето работење со прописите за заштита на личните податоци.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*