Во Тетовско одѕивот за гласање и натаму е најмал во Желино


Во Тетовско одѕивот за гласање и натаму е најмал во Желино - МИА

Тетово, 15 јули 2020 () – Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список, бележи најмала излезност од сите тетовски општини во сите досегашни часови на евиденција на одѕивот на гласачи. До 15 часот таму гласале 17,58 отсто од граѓаните.

Општина Тетово до 15 часот и понатаму има најголема излезност – 26,03 отсто од 84.454 гласачи на 117 избирачки места. Следуваат Јегуновце со 25,21 отсто и Теарце со 23,77 отсто.

Општина Брвеница бележи 20,98 отсто одѕив на гласачите, додека Боговиње 20,74 проценти.

На претседателските избори во 2019 година излезноста во 15 часот, исто така, била најмала во општина Желино, каде тогаш гласале само 10,06 отсто од граѓаните во избирачкиот список. ас/


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*