Во Собранието формирани пратеничките групи



Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Парламентарните партии до претседателот на Собранието испратиле дописи за формирање пратенички групи. Во Собранието се формирани четири пратенички групи, по две од владејачкото мнозинство и опозицијата, како и пратениците од Левица и ДПА кои не се во пратенички групи. Како независен пратеник на собраниската веб – страна засега фигурира само Игор Дурловски, кој е дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не е член на партијата.

Пратенички групи формираа СДСМ и коалицијата „Можеме“, ДУИ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, а како независни ќе делуваат двајцата пратеници од Левица и ДПА.

Координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата е Јован Митрески, а заменик Соња Мираковска, а претседателот на Собранието дополнително ќе биде известен за вториот заменик-координатор. Барањето е потпишано од 46 пратеници.

На пратеничката група на ДУИ координатор е Изет Меџити, а заменик координатор е Арбер Адеми, а за вториот заменик дополнително ќе биде известено. Во оваа пратеничка група се 14 пратеници.

Никола Мицевски е староновиот координатор на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а негови заменици се две жени, Дафина Стојановска и Ели Панова. Оваа пратеничка група брои 44 пратеници. За оваа пратеничка група е интересно што Игор Дурловски, како што стои на собранискиот сајт, во евидентен лист се изјаснил како независен пратеник.

Дванаесет пратеници ја сочинуват пратеничката група на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива. Нивен координатор е Скендер Реџепи, а заменици Сурија Рашиди и Илире Даути.

Од Левица се Димитар Апасиев и Борислав Крмов, а од ДПА Мендух Тачи.

Врз основа на член 33 од Деловникот за работа на Собранието пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии, а пратеникот може да биде член само на една пратеничка група.

Пратеничката група определува координатор на пратеничката група и до
двајца заменици.

Врз основа на овој член, пратеничката група на претседателот на Собранието му доставува список потпишан од секој член на групата, координаторот и неговиот заменик.

Пратеничката група има право на стручна помош и право да користи
посебна просторија, согласно со бројот на пратениците.

За промената на составот на пратеничката група, на координаторот и на
неговиот заменик, се известува претседателот на Собранието, кој за тоа ги
известува пратениците.

Собранието на Република Северна Македонија брои 120 пратеници. Дел од владејачкото мнозинство се 62 пратеници од СДСМ и коалицијата, ДУИ и ДПА, додека опозициски делуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алтернатива и Алијанса и Левица.

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*