Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие



ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара - МИА

 

Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот.

Инвестицијата на Дака е панамска шема за перење на пари во Македонија одобрена од Заев, со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, по што дал и 300.000 евра и 2000метри квадратни поткуп за да му се заврши работа. Но и ветување дека откако ќе се заврши работата ќе даде уште 4 милиони евра.

Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама – Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев ижа друга бизнис шема.

Еден ден по формирањето на владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла во сред Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место кое требало да биде фабрика. Место кое доколку првично се продавало како парцела за станбени згради ќе посигнело многу повисока цена, од цената која ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија.

Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди:

  1. Каде завршиле 300.000 евра и 2000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката?
  2. Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито?
  3. Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?

ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, […]

Вести

Фетаи не е задоволна од пресудата за „Насилство во Центар“, Обвинителството ќе поднесе жалба

– Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека не е задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција за обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ и најави дека Обвинителството ќе подне жалба на пресудите. – Не […]

Вести

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*