Во Белград средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски со министерот за спорт Удовичиќ


 Српскиот министер за млади и спорт Вања Удовичиќ денеска имаше средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Наумче Мојсовски и новиот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка Алберт Хани, на која разговараа за бројни можности за заедничка соработка во областа на младите и спортот во иднина, јави дописникот на МИА од Белград.


 

-Министерот Удовичиќ и директорот Мојсовски се согласија дека пријателските односи меѓу Србија и Северна Македонија можат дополнително да се продлабочат преку бројни заеднички проекти од областа на младите и спортот, но и преку размена на искуства на спортски експерти и преку институционална поддршка за поврзување на младите, соопштија од српското Министерство за млади и спорт.

Министерот Удовичиќ посочи дека Министерството за млади и спорт активно и континуирано ја поддржува работата на Регионалната канцеларија за младинска соработка, препознавајќи ја важноста на секоја акција насочена кон поврзување на младите од регионот и обезбедување дополнителни можности за размена на искуства и знаења и иницирање заеднички активности.

Соговорниците разговараа и за искуствата на Северна Македонија во спроведувањето на програмата Гаранции за младите, како и за можната реализација на подготовки на спортистите од Србија и Северна Македонија во двете земји, се наведува во соопштението од Министерството.