ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев мора да покаже малку достоинство и да се повлече


Ако има независно обвинителство и независен суд, тогаш Зоран Заев сигурно нема да биде премиер. После вчерашното сведочење во кое видовме јавно признание како Заев барал поткуп од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата од метар квадратен, СДСМ нема кредибилитет да говори за борба против корупција.



Без разлика дали Обвинителството и судот ќе се ослободат од партиските стеги на СДСМ, Зоран Заев мора да покаже малку достоинство и да се повлече.

Македонија е заробена држава, а институциите се под целосна контрола на Заев и СДСМ.

СДСМ нема право да говори за правна држава. СДСМ го урниса правниот поредок во државата, 10 месеци ги тероризира неистомислениците и врши класичен политички прогон каков што не е виден во Македонија.

Македонија под раководство на СДСМ стана единствената држава во Европа во чии затвори се наоѓаат политички затвореници. Со секој монтиран случај по нарачка на Зоран Заев и СДСМ за неговите политички противници, Македонија е се по далеку од правната држава и демократско општество, а со тоа дефакто сме подалеку од нашата стратешка определба за членство во ЕУ и НАТО.


Вести

Русинот Радик Тагиров, осомничен за убиство на 26 жени, ги призна злосторствата

Радик Тагиров, 38-годишниот жител на рускиот град Казан, кој денеска беше осомничен за убиството на 26 постари жени во 12 региони од земјата, ги призна своите злосторства, а снимката со неговото признание ја објави руското […]

Вести

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Вести

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба. Предлогот ќе биде […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*