ВМРО-ДПМНЕ зборува со докази и аргументи!


ВМРО-ДПМНЕ зборува со докази и аргументи, додека СДСМ не понуди ниту еден аргумент.


 

Прашањето на кое треба да се одговори е што бараат налепниците на фирмата СВ Инвест на камионите кои се во сопственост на компанијата на братот на Зоран Заев, Вице Заев. И дали и по кои основ  тие се ангажирани да возат за РЕК Битола, зошто не постои легитимен и легален договор?

Криминалниот канцер наречен СДСМ ги зафаќа сите пори на општеството.

Дали криминалниот начин на работа од Струмица е пресликан на државно ниво?

Сите го гледавме Зоран Заев како отворено бара поткуп од 200.000 евра за легализација на земјиште, а сега имаме сомнеж дека камиони во сопственост на неговиот брат возат за потребите на РЕК Битола.

Зоран Заев и криминалниот картел треба да одговорат дали фирми на Заеви работат за сметка на државни компании и по која цена. Граѓаните очекуваат транспарентност.