ВМРО-ДПМНЕ: За каква слобода на говор зборува СДСМ


За каква слобода на говор зборува СДСМ, кога сопственик на медиум добива пресуда со казна затвор за напишан текст.



Не e слобода на говор кога сме соочени со цензура на емисии. Ниту пак заканите кон новинари и нивните семејства се одлика на слободата на говор.

Не е слобода на говор кога претставници на власта окупираат протести на новинари кои сакаат да го изразат својот револт со мирен протест, туку страв од слободното новинарство, кое за оваа власт очигледно е голем противник.

Власта која толерира закани кон новинари, цензура и која не прави ништо за да овозможи и де факто медиумска слобода не е демократска.

Слободата на говор под власт на СДСМ е загрозена, новинарите исплашени, а медиумите под притисок.

СДСМ ги излажа граѓаните. СДСМ од опозиција ветуваше слободни медиуми и слобода на говор, сега се што прави е изразито против тоа. СДСМ во изминатава година покажа дека е најголемиот противник на слободното новинарство и слободата на говор


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*