ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка и даде црвен картон на владата

Според најновата прогноза на Светска банка растот на економијата во наредните две години ќе биде под регионалниот просек.

Во ситуација кога Светска банка прогнозира раст на регионалните економии со околу 4% и над тоа, македонската економија ќе има раст со нешто над 3%.

Зоран Заев од опозиција ветуваше од 5% до 7% раст, а три години како е на власт, а не сме ни блиску.

Со ова темпо на раст економијата премногу бавно се движи и не може да го стигне ниту балканскиот , а не пак европскиот просек.

Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики. Покачените даноци, зголемувањето на акцизата, воведувањето на нови давачки се причина земјата се повеќе инвеститори да ја заобиколуваат.

И додека инвеститорите не доаѓаат, граѓаните бегаат. Според податоците на Светска банка над 500.000 граѓани ја напуштиле земјата.

Доволно е само да се тргнат розевите очила на СДСМ и ќе видиме како од Делчево во само еден ден си заминаа 1000 луѓе. Луѓе заминуваат и од Липково и од Тетово и од Сарај. Македонија се празни.

Реалноста која ја креираше СДСМ е сурова. Граѓаните живеат без надеж и можност за подобра иднина.

СДСМ нема легитимитет да ја управува државата. СДСМ мора да си замине.

 

Вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела […]

Вести

Сириската војска влезе во Рака и поставува набљудувачки места

Група сириски војници влезе во градот Рака и започна со поставување набљудувачки места, објавија локалните медиуми. Веста дојде само неколку дена откако курдските сили, кои го зазедоа градот од Исламската држава, склучија договор со сириската […]

Вести

Судењето за насилствата пред Општина Центар продолжува на 18 ноември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 18 ноември откако денеска постапката почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. За следното рочиште повикан е како […]