ВМРО – ДПМНЕ со реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски



Само Заев и СДСМ се на прав пат кога станува збор за лично богатење преку ограбување на државата и граѓаните.

За жал Македонија со Заев и СДСМ на власт е на погрешен пат. Македонија е пред провалија. Патот по кој Заев ја води Македонија е пат на мизеријата, иселувањето, крахот на економијата, неработата, политизираното судство, неправдата.

Поради погрешните политики на СДСМ 1000 граѓани во само еден ден го напуштиле Делчево и заминале да работат во Италија.

Економијата со СДСМ само тоне. Даноците се покачени, акцизата поголема, придонесите зголемени, тоа само ги цеди граѓаните, а го полни буџетот, за да може Зоран Заев партиски да ја полни администрацијата.

Нерабатата на оваа власт се гледа на секое поле, а најмногу во градежништвото. Реализација на само 28% од предвидените капитални инвестиции за цели 8 месеци е срамота и одлика на неработа.

Зоран Заев вети, Зоран Заев излажа. Нема 600 километри автопат, 550 километри регионални патишта, ниту 1100 километри локални патишта.

Правосудниот систем е под целосна контрола на Зоран Заев. Заев е и обвинител и судија. Се монтираат обвиненија, за потоа да се носат монтирани пресуди врз основа на истите.

Неправда е на секаде, терористи и убијци се на слобода, а патриоти во затвори. Системот е трул. Со Зоран Заев и екипата околу него Македонија само тоне.

СДСМ е на прав пат за заминување во опозиција. Потребно е оваа власт да си замине час поскоро. Потребни се предвремени парламентарни избори. Доаѓа време за обнова на Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]