ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал


СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал, но и сите граѓани кои гледаат дека оваа власт го урнисува здравството и од него создава, алатка за терање бизнис.

Да потсетиме само на крвавиот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра кој го доби фирма основана непосредно пред распишувањето, сомнителниот бизнис од 14 милиони евра за стерилизација, приватизирањето на службата за брза помош, сомнителните јавни приватни партнерства,  набавките на лекови на скопската клиника каде што ќерката набавуваше од веледрогеријата на таткото и на крајот мега скандалот со криминогениот проект изградба на нов Клинички центар за кој нема јасни критериуми, проектна документација и слично, но затоа има 500 милионски кредит во најава.

За неуспесите во здравството на оваа власт доволно говорат епидемијата со морбили, скандалите со вакцините и десетиците смртни случаи кои ја брануваа јавноста, а кои се должеа на недостаток на лекови или несоодветно лекување.

Политиките во здравството се насочени или кон приватизација или кон затворање на цели одделенија и здравствени домови ширум државата. Тоа е целосно спротивно на лагите кои ги кажуваа за време на изборите дека ќе овозможат бесплатно и квалитетно јавно здравство.

Граѓаните ценат и казната за неодговорното работење и во сферата на здравството ќе ги стаса СДСМ на следните избори.


Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна - МИА
Вести

Почнаа 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини

Скопје, 4 јуни 2020 () – Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, […]

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти

Скопје, 4 јуни 2020 () – Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. […]

Вести

Над 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

– Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, […]