ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот

СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот.  Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од  пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат  невладините активисти  и граѓаните.

Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.

СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.

Решавањето на  алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат  десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и  лубриканти,  наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.

Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот.

Неспособната  СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта  наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици.  Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните  во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.

Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.

Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето  од издувните гасови на автомобилите.

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.  Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине

Балкан

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот […]

Балкан

Државна прослава по повод формирањето на Војска на Косово

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК […]

Балкан

Ново обвинение против градоначалникот на Загреб

Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата […]

Балкан

Српската листа ќе се жали на Уставен суд за Војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните Безбедносни сили (ФСК) да се трансформираат во Војска на Косово, изврши атак врз мирот во Косово и […]

Балкан

Харадинај: И Србија доби партнер во Војската на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите со кои се формира Војската на Косово, изјави дека новата косовска воена формација ќе биде војска на мирот и во служба на сите кои живеат во Косово, […]

Балкан

Србија бара итна седница на СБ на ОН поради формирањето Војска на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска најави оти Белград ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради формирањето на Војска на Косово. – Тоа е најдиректна закана по […]

Интересно

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава. – Законот е грешка, […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*