ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот


Разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на пленарна седница во Собранието побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со образложение дека предлог одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и имнувањата што се одржа на 5 септември и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката. Предлогот беше одбиен, а Мицевски побара пауза од еден час.

-Предлогот за денешното разрешување на Јанева е за да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител, истакна Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е точно оти Комисијата расправала по извештајот на Советот на ЈО и дека Собранието добило предлог за разрешување на специјалната јавна обвинителка.

-Во сите досегашни координации и усогласувања на политичките партии, посебно четирите поголеми политички партии, се усогласивме дека за ова прашање треба да има посебна седница и во тој контекст и од таа причина не е ставена како точка на дневен ред, појасни Џафери.

Пратениците го одбија предлогот за разрешувањето на Јанева да се распарава на денешната седница, при што пратеникот Мицески уште еднаш појасни дека причината за барањето за разрешување е тоа што денешната седница е последна во законскиот рок за разрешувањето на обвинителката, а тоа е 15 септември.

Вести

Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот […]

Вести

Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски

Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за […]

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]