ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт  не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт  не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе.

Младите си заминуваат повеќе од кога било. Најавуваната младинска гаранција е огромна лага. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми.

СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. Откако СДСМ е власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.

Младите се најголема жртва на оваа власт. Нема подобрување на условите за младите, а условите за студирање никогаш не биле полоши.

Додека СДСМ се фали со бројки на хартија, граѓаните се повеќе тонат, државата е завиена во црнила.

СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]