ВМРО-ДПМНЕ: Нивото на јавниот долг за првпат во македонската историја надмина 5 милијарди евра


СДСМ расипнички ја води државата. Нивото на јавниот долг за првпат во македонската историја надмина 5 милијарди евра.



300 милиони евра нови задолжувања само за првите три месеци од 2018 година, а ниту една нова капитална инвестиција. Ова е недозволиво. Задолжувањето како инструмент единствено е оправдано кога тоа се врши за капитални инвестиции.

Капитални инвестиции нема. Граѓаните се прашуваат, на што се трошат парите кои утре идните генерации ќе ги враќаат.

Наместо да се решаваат проблеми во државата, се натрупуваат долгови кои ќе ги враќаат граѓаните, а ветувањата за 600 километри автопат се потврди дека била само една голема лага.

Нема бесплатно болничко лекување за граѓаните, нема ниту 100.000 денари плати за лекарите, а сепак задолжување има.

Недозволиво е власта за 3  години да планира ново задолжување од неверојатни 1.4 милијарди евра, а притоа да нема ниту еден капитален проект.

СДСМ за една година покажа дека не се способни да раководат со државата. Државата не смее повеќе да  чекори кон економското дно. Ова мора да запре. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*