ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Сугаревски сега се обидува да ги порекне ветувањата запишани во предизборната програма на СДСМ



СДСМ ја потценува интелигенцијата и помнењето на граѓаните и со манипулации бега од предизборните ветувања. Неспособниот Сугаревски сега се обидува да ги порекне ветувањата запишани во предизборната програма на СДСМ како и во програмата на владата предводена од Заев. За да ги добијат гласовите ветуваа 600 километри автопат, а сега кога се гледа дека се неспособни да изградат макар еден километар, виновни им се граѓаните бидејќи лошо разбрале.

Политиките и програмата на оваа неспособна влада за само една година доживеаја вистинско фијаско. СДСМ и Заев во предизборието на граѓаните им ветуваат изградба на шестотини километри автопат како и 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта. И ова ветување на  СДСМ и Заев се покажа како една огромна лага. Граѓаните по кој знае кој пат се уверија дека на зборот на СДСМ и Заев не може да му се верува.

Бројките не лажат. Бројките велат дека владата на СДСМ и Заев за првите 3 месеци реализирала катастрофални 7.5 проценти од капиталните инвестиции за 2018 година. Ова е најдобар показател за неспособноста на оваа влада.

Додека нема никаква реализација на капитални инвестиции и владината програма на полето на инфраструктурни проекти, црното економско трио составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев ја движи Македонија кон должничко ропство. Цената за  расипничкото трошење ќе ја плаќаат не само сегашните туку и идните генерации граѓани на Република Македонија.

За само три месеци од новата година владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за неверојатни 300 милиони евра, јавниот долг ја надмина границата на 5 милијарди евра, а државниот долг ја надмина границата од 4 милијарди евра.

СДСМ ја закова Македонија на дното според макроекономските показатели во регионот и во Европа и е одговорна за стагнацијата на македонската економија во 2017 година кога растот на БДП изнесуваше 0%. Со вакви катастрофални економски политики, катастрофална реализација на капитални проекти и расипничко трошење македонската економија се движи кон целосен крах. Ова лудило мора да запре, а ова економско цунами мора што поскоро да си замине.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*