ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се нарушува приватноста на граѓаните, власта е неспособна и не може да направи еден закон


Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев - МИА

СДСМ продолжува со манипулациите, Филипче најавуваше мерки на пресови кои не беа ни дел од законот кој го достави до Собранието.

Мерките не само што не беа дел од новиот Закон за заштита на населението од заразни болести, па парламетарното мнозинство истите ги достави како амандмани, најнеспособниот министер за здравство претходно ги имаше најавено на своите прес конференции.

СДСМ и оваа Влада за жал на граѓаните е толку многу неспособна што дури ниту еден комплетен закон не можат да подготват за заштита на граѓаните, па им требаше повеќе од 28 дена да смислат амандмани.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Венко Филипче треба итно да си даде оставка, заради тоа што дозволи највисока стапка на смртност во регионот и неговото справување со  пандемијата кое е катастрофално.

Под итно е потребна експертска комисија за заразни болести која нема да се занимава со политиканство и партиските агенди на власта, туку вистински ќе делува во насока на заштита на здравјето на населението.

Парламентарното мнозинство на СДСМ беше спремно да протне противуставни мерки како нарушувањето на приватноста на домовите на граѓаните, на штета на уставните права на граѓаните во земјава, а ВМРО-ДПМНЕ не дозволи  да се врши неконтролиран упад во домовите.

Без ВМРО-ДПМНЕ и спортистите и децата до шест години, и во угостителските објекти, и во приватни автомобили, граѓаните ќе носеа маски и кога се сами, заради неспособноста власт.

Наместо да се фали со мерките СДСМ да ја погледне реалноста во Македонија, во која заради нивниот неспособен министер само за неполн месец има над 10.000 заболени  и  244  починати лица.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*