ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Охрид и охридско, трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ


Граѓаните на Охрид и охридско, трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ. Голем број на угостители долж охридското крајбрежје претрпеа огромни материјални штети, поради незнаењето на  раководството на претпријатието да менаџира.


 

ЕЛЕМ  неможе да ја избегне одговорноста за директната штета што ја предизвикаа. Доколку навремено е реагирано и водата од Охридското езеро навремено се испушташе и се полнеше Шпиље, каде имаме рекордни над 12 метри празен простор во акумулацијата, до поплави во Охрид и охридско немаше да дојде.

Неспособноста и неодговорнсота на раководните структури поставени од СДСМ во ЕЛЕМ ги чинат граѓаните и пари и нерви. Граѓаните очекуваат одговорност.

ЕЛЕМ со ова раководство доживува вистински крах. ЕЛЕМ не ја извршува својата обврска долгорочно да планира, оптимира и управува со ресурсите  кои е должна да ги менаџира.

Наместо подобрување на енергетските капацитети на земјава раководството на ЕЛЕМ се зафати со партизирање на синдикалното здружение. Граѓаните не видоа ниту еден нов проект од раководството на ЕЛЕМ, но затоа писмата со апели да се запре со партизацијата  на претпријатието од меѓународните синдикални  организации за работењето на ЕЛЕМ станаа наше секојдневие.