ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Гази Баба се заборавени и од централната и од локалната власт на СДСМ


 

Граѓаните на Гази Баба се заборавени и од централната и од локалната власт на СДСМ.

Сакаме да ги информираме граѓаните дека буџетот што беше предложен од Градоначалникот Борис Георгиевски не е плански структуиран и воопшто не е развоен.

Нема планирано средства за капитални проекти кои самиот во кампањата ги ветуваше.

Поконкретно нема планирано средства за гасификација на општината, нема средства за изградба на градинките во Трубарево, Инџиково, Керамидница и Ченто.

Понатаму нема ставка за катни гаражи, трговски центар во Маџари, затворен базен во Хиподром, основно училиште во Керамидница.

Веќе трета година изоставени се средства и за изградба на поликлиника и нова спортска сала во Автокоманда.

Во предложениот буџет заборавени се спортско рекреативниот центар во Црешево и фекалните канализациони системи во Идризово, Јурумлери, Трубарево, Гоце Делчев, Црешево, Булачани, Раштак и другите рурални населени места.

Веќе трета година треба да се носи буџет а Градоначалникот Борис Георгиевски и СДСМ сеуште споменуваат само изработка на проектни документи, а не се знае кога планираат да ги реализираат и изградат тие проекти.

Ниту во овој буџет, ниту во претходните, градоначалникот Георгиевски нема предвидено средства за реализација на проектите кои самиот ги ветуваше.

Неспособноста на Борис Георгиевски и СДСМ излага на виделина, тоа го потврдува и фактот дека во предлог буџетот за 2020 година има половина проекти што требаше да бидат реализирани во 2019 година.

Уште еднаш му порачуваме на Градоначалникот Георгиевски да ја отвори својата предизборна програма и да се потсети на своите лажни ветувања.

Граѓаните на Гази Баба не забораваат.

Денес граѓаните се целосно исклучени во водењето на општината.

Оттука оправдан е и нивниот револт и гнев, ги разбираме и нивните изневерени очекувања, но затоа Обновата на Македонија доаѓа набрзо која ќе резултира со прогрес на секое поле од општествениот живот во Општина Гази Баба и во Република Македонија.

ВМРО- ДПМНЕ и советничката група работат на подготовка на нов буџет и програми, кои ќе бидат развојни и ќе ги решаваат суштинските проблеми на граѓаните на Општина Гази Баба.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]