ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да профитира од трагедии, за судските процеси надлежни се правосудните органи


ВМРО-ДПМНЕ партијата чиишто главни одлики на делување се поигрувањето со судбините на граѓаните, попречувањето на правдата и злоупотребата на човечките трагедии, нема капацитет да разбере дека времето кога политиката влијаеше врз судството заврши со нивното заминување во опозиција.


 

За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Како што целокупната јавност е запознаена, сите материјали што СДСМ ги поседуваше, а коишто произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Македонија е правна држава во која правото владее неселективно и секој што направил какво било прекршување на законите одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да се обидува да профитира од трагедии и да ги остави надлежните органи целосно да го расветлат овој случај и сите оние кои учествувале во него, да понесат одговорност согласно законите.