ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето


ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието ќе поднесе барање за надзорна расправа за откупот и откупната цена на грозјето, со цел, како што посочуваат, да се постигне консензус помеѓу сите засегнати чинители и да се достигне достоинствена цена за килограм грозје.

-Лозарите се излажани и изманипулирани од СДСМ и Зоран Заев лично. Грозјето скапува на нивите. Откупната цена во моментов е најниска откако се памети, и истата изнесува мизерни 6 – 7 денари.Меѓутоа и по овие потценувачки цени милиони килограми на грозје стои необрано бидејќи владата подолг период не му пристапи на овој проблем сериозно.  Потребни се итни мерки за да се превенира социјална катастрофа, изјави пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

На надзорната расправа ќе бидат повикани претставници на здруженија на лозари од цела држава, претставници на винариите и стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна. Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, проценките на експертите се дека од овогодишната реколта веројатно нема да бидат откупени до 60 милиони килограми винско грозје, што претставува потфрлање од безмалку 40 отсто.

-Од надлежните институции освен лажните и несериозни ветувања и оптимистички најави нема ниту еден релевантен податок. Класично потфрлање на целиот државен земјоделски систем кој во било која подобро организирана аграрна земја не смее да се случи. Напоменуваме дека причините за хаосот во откупот на овогодишната реколта се пред се во државните институции. Потребни се брзи чекори на делување, рече Јованчев.

Тој најави дека дополнително во идниот период ќе отпочнат процес на стручна расправа и од потребите за донесување на закон за лозарство, со кој детално ќе биде регулирана областа, ќе се гарантира заштитна откупна цена под која нема да може да се оди, и ќе се регулира начинот на производство на насока на заштитните средства и препарати кои може да се употребуваат, а со цел добивање на поквалитетен краен производ.

 


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*