ВМРО-ДПМНЕ: 6 200 компании згаснаа во 2020, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија


ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е  да изградиме јасни и цврсти национални позиции по клучните прашања. - МИА

Штом Заев и СДСМ ветат економска година, тоа е гаранција дека ќе порасне сиромаштијата, а власта ќе се богати.



СДСМ и Заев се причини за економската катастрофа со која се соочува државата. Успеаја долгот на државата да го зголемат за над 1 милијарда евра за една година и да достигне над 60% од БДП. Патем никакви капитални инвестиции не направија и економијата ја доведоа до колапс. Без работаа останаа 54 илјади работници и уште толку не земаат редовно плата поради погрешните економски политики во време на криза, кои се сведоа на гол популизам и изборна корупција. Дури 6200 компании згаснаа во 2020-та година, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија со само две евра на ден. Во исто време бизнисите на лицата од власта цветаат, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска носи шал од 370 евра, колку што се месечните приходите на најголем дел од семејствата во Македонија.

Македонија поради неспособноста, криминалот и корупцијата на власта на Заев е најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, од која бегаат странските инвеститори и која бележи еден од најголемите падови на БДП.

Пакет мерките кои СДСМ помпезно ги најавува се само замајување на јавноста, но веќе и тоа не поминува. Само 50 % од средствата за досегашните антикризни пакет мерки се реализирани, а видовме и какво фијаско се случи со бомбастично најавуваниот Викенд без ДДВ кој имаше десеткратно потфрлање.

Оваа власт на Заев не е насочена кон економија, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ