Власта на Заев во пресрет на новата учебна година нема никаков план и решение


ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е  да изградиме јасни и цврсти национални позиции по клучните прашања. - МИА

 

Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од корона вирусот. Ниту на здравено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието.

Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.

Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година.

Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците.

Но, за жал како и за многу други аспекти власта на Заев потфрли и во овој аспект и покажа целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност. Тие се организирани само кога се работи за криминалот, корупцијата и рекетот. Да се работеше за Луј Витон торби полни со милиони евра, снопчиња пари или пазар со правдата сигурно ќе беа организирани и брзо ќе најдеа решение.

Граѓаните не заслужуваат власт на Заев, бидејќи со Заев Македонија тоне, а цвета криминалот, корупцијата и рекетот.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*