Жерновски: Ќе гласам за Горан Герасимовски затоа што сакам отворена и демократска општина



ript>

Андреј Жерновски, поранешниот градоначалник на општина Центар му даде поддршка на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.


 

Жерновски во видеото кое го сподели на социјалната мрежа Фејсбук кажува дека ќе гласа за Горан Герасимовски затоа што сака отворена и демократска општина.

“Јас ќе гласам за Горан, затоа што ќе гласам  за отворена и демократска општина. Од другата страна ги имаме оние коишто нарачуваа  шамари за мене, насилство врз советниците, коишто носеа гласачи од Пустец, оние коишто тепаа студенти истите оние коишто во 03:00 по полноќ сечеа дрва и носеа  урбанистички планови за нивни потреби“, рече Жерновски.

Тоа се оние кои од вашиот џеб потрошија 800 000 000 евра за потребите на нивното Скопје 2014, продолжи Жерновски.

Споредбено со нив рече Жерновски тие градеа нови градинки и училишта, ново зеленило, игралишта за најмилите.

„Затоа во недела да гласаме за Горан затоа што Центар мора и понатаму да биде бастион на демократијата и слободата“, завршува Жерновски.