Заев: Мисијата на св. Кирил и Методиј за описменување меѓу првите примери на поврзување различни култури


Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 24 Мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј.

– Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, честит 24 Мај – Ден на Светите браќа Кирил и Методиј! Денешниот празник, 24. Мај, Денот на сесловенските просветители повикува да го одбележиме извонредното епохално и просветителско значење за Европа, светот и Северна Македонија, изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век. Целта на мисиите, покрај христијанизација, описменување и просветлување, била и остварување на теолошка апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика – на латински, грчки и германски, се вели во честитката.

Темелот на тој културолошки процес, се наведува во честитката, бил создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

– Намерата на нивната мисија е Библијата да биде достапна за сите Словени. Нивната мисија тогаш имала наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога. Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј беше инспирација и за работата на просветните работници и институции, и во оваа прилика упатувам и честитки и по повод Денот на просветните работници, стои во честитката.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]