
-Освен што за одбивање за учество во оваа статистичка операција се предвидени и казни, бесмислено е да не учествувате во пописот бидејќи ова не се избори, пописот не менува власт, не предизвикува ретроактивни процеси и навистина не гледам зошто да се прави драма од пописот. Не треба да си власт за да знаеш колку е важен пописот. На опозицијата тоа треба да и биде јасно дури и за креирање на нивните партиски политики. Битен е пописот за креирање на економските политики, за здравствените и образовните политики, за најважните политики за рамномерен регионален развој, рече Заев.
Во самиот попис, појаснува тој, се вградени сите препораки на Евростат за слободно изјаснување на граѓаните за нивните национални и други определби. Со пописот ќе се попишат и нерезидентните, односно граѓаните кои се една или повеќе години надвор од државата, по што овие податоци се вкрстуваат со податоците од граничното управување од базите на податоци на МВР и, вели, со еден клик ги имате во секој момент сите наши граѓани кои се повеќе од една година надвор од државата за проверка на податоците.
-Да покажеме одговорно однесување и да го прифатиме пописот како државничка одговорност за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики, нагласи премиерот Зоран Заев.