Владин тим ќе се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми од денеска до 19 септември ќе бидат во работна посета  на Швајцарија каде ќе се запознаат со швајцарските искуства за стручно образование и обука.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, за време на работната посета во Берн, што се реализира на покана на Владата на Швајцарија, тие ќе се сретнат со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражувања и иновации и со заменик државниот секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг.

Владината делегација ќе има можности да се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа за време на презентации кои ќе бидат извршени од стручни лица во Државниот секретарија за истражувања и иновации во образованието, Швајцарската конференција на кантонски министри за образование и Швајцарското здружение на машински и електротехнички индустрии.


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]