Вицепремиерката Грковска на средба со средношколци во Струмица

grkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Транспаретноста е најголемото орудие за борба против корупцијата и ние тука имаме направено прилично сериозни поместувања. Тоа го препознаваат и меѓународните партнери. Ние ги обврзавме државните институции за проактивна транспаретност да ги објавуваат податоците и информациите на веб страниците кои граѓаните најчесто ги барале во изминатите две години и рокот за тоа е шест месеци, зашто станува збор за прилично голем обем на податоци со цел да дојдеме до ситуација кога сите податоци, сите информации што ги поседуваат институциите ќе бидат објавувани без да бидат барани од страна на граѓаните, рече денеска заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.

Додаде дека информациите и податоците кои имаат инстутиците им припаѓаат на граѓаните, а не на институциите. И во овој процес на дигитална трансформација на општеството ќе се дојде до степен кога тоа ќе стане нормално и кога институциите ќе станат потполно транспаретни.


Според вицепремиерката Грковска, разговорите со младите се искрени, бидејќи тие имаат искрена желба да се направат нешто добро, зашто сите сакаме да живееме во подобро општество.

-Образованието, здравството, социјалните прашања, корупцијата-се главни прашања кои младите ги дискутираат на средбите со нас. Младите се незадоволни кон системот, меѓутоа оваа кампања „Зависи од мене и тебе“ е токму заради тоа да ја видиме свесноста дека зависи од секој од нас во каков систем ќе живееме, истакна Грковска.

Според неа, системот не е вештачка творба, туку него го правиме сите.

-Се разбира дека ние политичарите и возрасните треба да го дадеме првиот пример, меѓутоа со некои примери кои им ги посочивме во делот на нивното однесување како млади колку тие се одговорни кога станува збор за нивното однесување и дека тие придонесуваат со нивното однесување во нарушување на тој систем, смета Грковска.

Подвлече дека целта на оваа кампања „Зависи од мене и тебе“ е да се покрене чувството на одгворност дека секој од нас во рамките на своето делување треба да биде одговорен за начинот на кој се однесува за да не се придонесува за урнување на системот, туку градење на подобро општество за сите.

На новинарско прашање дека меѓународниот фактор и домашните екепсерти реагираат на доброто владеење и дали ќе преземат нешто за остранување на тие дамки, Грковска одговори.

-Не само тие, туку и и јас реагирам и откако сум избрана на таа позиција искрено сметам дека ако самите за себе си правиме некоја розова слика, не си правиме услуга. Ние треба да се соочиме, да ја признаеме систуацијата каква што е и да бараме решенија како најбрзо што е можно да го надминеме. Ние сме направиле многу работи за да се поместат работите. За жал тоа е процес во кој не може одеднаш да се види директен прогрес.Се работи чекор по чекор, зашто станува збор за прашања кои се таложени со децении и не може да се решат преку ноќ, одговори Грковска.

Таа смета дека одговорноста и (не)казнивоста е се главниот проблем и дека токму тоа го урнува системот, бидејќи кога луѓето ќе видат дека некој згрешил и нема последици заради постапките што ги направил, тогаш човечки е да се рече „кога можел, зошто не и јас“. Потенцираше дека тоа е најпогубното што може да му се случи на едно општество и затоа политичарите и носителите на фукнции треба да покажат пример за начинот на владење, за интегритетот со кој треба да се водат институциите и како треба да се постапува во ситуација кога некој ќе згреши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK