Средба Спасовски-Брнз: Силна поддршка за посветеноста на Владата на реформите, стабилноста и интеграциите во ЕУ и НАТО


Силна поддршка за посветеноста на премиерот Оливер Спасовски и на Владата на реформските процеси во земјава, на стабилноста и безбедноста, но и на интеграциите во ЕУ и НАТО изрази денеска американската амбасадорка Кејт Брнз на средбата со премиерот.

Како што се наведува во владиното соопштение констатирано е дека периодот на преодната влада во наредните неколку месеци бара ангажман и одлучност од сите страни, за остварување на големите цели чијашто реализација е во тек –  Република Северна Македонија да биде потврдена како 30-та активна земја членка на НАТО и отпорна растечка демократија на патот кон Европската Унија.

Оценето е дека нашата држава во претстојните парламентарни избори влегува со многу подобра институционална стабилност и дека е важно таквата позиција да се сочува.

-Врвен приоритет на Владата се неколку подеднакво важни сегменти на коишто сме цврсто фокусирани: да се продолжи со остварувањето на националните интереси како што се интеграциите во НАТО и во ЕУ и на сите започнати проекти за граѓаните во сите области, спроведување фер и демократски избори со споделена одговорност од сите политички субјекти, продолжување на изградбата едно општество за сите со почитување меѓу сите етнички заедници, продолжување на определбата на нашата држава да придонесува за стабилноста и соработката во регионот, рече премиерот Спасовски.

Во таа насока, изразени се очекувања дека сите во Владата, во институциите, сите политички субјекти, ќе бидат на ниво на задачите, со цел натамошна стабилност и сигурност и остварување на стратешките цели, за добрата иднина на државата и граѓаните.


Дерковски: Им честитам на граѓаните, изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци - МИА
Вести

ДИК: Одѕивот до 20:45 часот 50,86 проценти

– До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86   проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места. […]

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес - МИА
Вести

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес

Скопје, 15 јули 2020 () – Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање […]

Вести

До 17 часот во Охрид гласале 41, во Струга 30 и во Дебрца граѓани 44 отсто од гласачите

Охрид, 15 јули 2020 () – На предвремените парламентарни избори до 17 часот во Охрид на гласање излегле 41,7 отсто од лицата со право на глас. – Гласањето се одвива непречено и без проблеми, граѓните […]