Средба Шахпаска-Бертолини: Усвојување на темелните вредности на ЕУ наш приоритет, заеднички ќе работиме на поголема искористеност на ИПА фондовите


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје,  Никола Бертолини и неговиот тим.

На средбата, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, се разговарало за напредокот што нашата држава го постигна изминатиот период, помошта што ја добива од ЕУ односно достапноста на ИПА Фондовите и нивната искористеност, чекорите кон остварувањето на нашата стратешка цел како држава, интеграцијата во Европската Унија.

-За нас како држава многу е значајно на патот кон ЕУ, да ги изградиме темелните вредности на кои се базира Европската Унија, како што се владеење на правото, слободно судство, слободни медиуми, борбата против корупцијата и криминалот, еднаквост и човекови права и слободи, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Преку целосното имплементирање на законодавство на ЕУ во националното законодавство, земјата практично ќе ги усвои темелните европски стандарди, што суштински ќе значи практична примена на европските стандарди.

-Свесни сме дека овој процес  е долг и сложен, но истовремено  овозможува  како идна држава членка да ги завршиме сите неопходни внатрешни реформи пред реалното пристапување  во ЕУ, истакнала Шахпаска.

Министерката Шахпаска ги презентирала актуелните работи на кои сега работи Министерството за труд и социјална политика, а тоа се новиот Закон за работни односи, на кои работат сите засегнати чинители преку квалитетен социјален дијалог, Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура и Законот за родово базирано  и секаков друг вид насилство врз жената.

Бертолини посочил дека земјава има голема поддршка во пристапните преговори, соработка на полето на социјалната и детската заштита,  работните односи, поддршка на внатрешните реформи и достапност на ИПА Фондовите и нивна поголема искористеност.

Тој нагласил дека Делегацијата на ЕУ во Скопје тесно соработува со Министерството за труд и социјална политика и оцени дека во наредниот период неопходна е интензивна и суштинска работа, особено во делот на зголемена искористенот на ИПА Фондовите наменети за нашата земја.


Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Опозицијата бара надзорна расправа за „Еуростандард банка“ во Собранието

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка“. Иницијативата е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*