Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи имал средба со новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК), Антје Ванделт.
На средбата, како соопшти прес-службата на Владата, Битиќи посочил дека Северна Македонија е атрактивна дестинација за германските инвестиции и многу важен економски партнер, додека Германија е нејзин главен извозен пазар.
-Вицепремиерот Битиќи на средбата изрази благодарност за довербата, со надеж дека соработката и партнерскиот однос ќе продолжат и ќе се засилат. Директорката на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Антје Ванделт, се заблагодари за состанокот и рече дека ја ценат поддршката за развој која германските компании ја имаат во Северна Македонија. Ванделт посочи дека постојните компании во нашата земја се развиваат и информираше дека тие се особено заинтересирани за ширење на инвестициите и синџирите за набавка, се наведува во соопштението.
Ссоговорниците на состанокот, меѓу другото, разговарале и за дуалното образование, при што заедничка била констатацијата дека германските компании се главни партнери за неговиот развој, кој дава одлични перформанси.