Средба на Шахпаска со претставници на Независниот синдикат на судска полиција: Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците


Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците. Барањето на Независниот синдикат на судската полиција за бенефициран стаж ќе биде разгледано. Доколку има потреба во наредниот период ќе има дополнителни консултации и со Министерството за правда, истакнала министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на средбата со претставници на Независен синдикат на судската полиција.


 

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека на средбата се разговарало за унапредување на правата на членовите на судската полиција.

– На состанок се разговараше за можноста членовите на судската полиција да се стекнат со правото на бенифициран стаж, со оглед на тоа што во Законот за вработени во јавен сектор нивната служба е дефинирана како – овластени службени лица, соопштија од МТСП.

Во соопштението од Министерството се подвлекува дека на состанокот се разговарало и за состојбите во судската полиција воопшто и за потребата од зголемување на бројот на вработени, со оглед на тоа што во некои судови недостасуваат судски полицајци