Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија Андреа Силвестри.



Спасовски, како што информираат од МВР, на средбата ја нагласил досегашната одлична  соработка  помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, како и областите во кои истата би можела да се продлабочува во иднина. Истовремено биле посочени приоритетите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија меѓу кои и борбата против организираниот криминал, тероризмот и  илегалната миграција.

Италијанскиот амбасадор Силвестри, се вели во соопштението, на крајот од средбата со Спасовски изразил уверување дека и во наредниот период за време на неговиот мандат остануваат посветени на започнатите  иницијативи и проекти од заеднички интерес за двете министерства и двете пријателски земји.