Спасовски: Со европската мрежа ТЕСТА ја унапредуваме соработката во пренос на податоци на безбеден начин

Spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на работниот престој во Букурешт, Романија, оствари билатерална средба со Софи Девлешувер, претставник на Генералниот директорат на Европската комисија за информатика (DG Digit), одговорна за дефинирање, планирање, координирање, извршување и менаџирање на акционерската менаџмент програма и поддршка за ТЕСТА мрежата.


На средбата, информираат од МВР, стана збор за ТЕСТА комуникациската мрежа за пренос на податоци на безбеден начин, воспоставена од Европската комисија, а која се користи за автоматизирана размена на податоци (ДНК податоци, отпечатоци и броеви на возила), помеѓу земјите членки на Конвенцијата за полициска соработка – протокол за размена на ДНК податоци, податоци за отпечатоци и регистарски таблици, имајќи предвид дека Генералниот директорат на Европската комисија за информатика (DG DIGIT) е задолжен за контрола над организациското спроведување на ТЕСТА договорот.

Од страна на министерот Спасовски беше истакнато дека Република Северна Македонија по потпишаниот договор во 2020 година ја има ТЕСТА врската, која е управувана од Министерството за информатичко општество и администрација – МИОА, додека контакт точка за обезбедување на соодветни услови на податочен центар согласно строгите барања, како и техничка поддршка на TESTA системот со цел обезбедување на негова континуирана функционалност е Одделот за информатика и телекомуникации во МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK