Спасовски: Со активностите на партиските административци се докажува дека не е променета матрицата на ВМРО-ДПМНЕ


Постојат луѓе и во Министерството за внатрешни работи и во други државни институции кои се задолжени и даваат информации за состојбите во институции до ВМРО-ДПМНЕ, односно до група за проценка во партијата, истакна министерот за внатрешни рабпти Оливер Спасовски во Собранието на РМ одговарајќи на пратенички прашања за објавените извештаи во порталите подготвени од, како што рече, одредени лица за следење на активности на политичкиот противник, но и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Според Спасовски, „со активностите на партиските административци се докажува дека не е променета матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и дека продолжува по старо“.

-Не дека нешто плус ќе добијат со ваквите состојби со кои се занимаваат, не дека некого  ќе исплашат од пратениците или други структури, туку мислам дека ова се прави за самопромоција, кој повеќе ќе му се допадне на Мицковски со тоа кој повеќе ќе донесе материјали, а со тоа да дојдат до подобра позиција. Јасно  е дека нема да имаат шанса за таква работа ако продолжат со ваков начин, ниту ќе добијат позиција, нагласи Спасовски.

Министерот рече дека во МВР добиле од тие материјали и оти прават анализи, но и дека до него дошол списокот со сите луѓе кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министервата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

– Тоа не се полициски службеници кои ги даваат тие извештаи. Тоа се луѓе дел од некаква комисија за безбедност, а според извештаите биле потпишани од Оливер Андонов, Никола Николов, Александар С. Ѓорчески и Александар Ѓеорѓиевски и таквите извештаи ги доставуваат до партијата, претседателот Мицкоски и во електронска форма до групата за проценка која е составена од поранешни функционери од делот на безбведносните служби од опозицијата, рече Спасовски.

Вести

„Епл“ вети дека ќе го разгледа прашањето за Крим

Претставник на технолошката компанија „Епл“ внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти“ и „Време“ во оперативниот систем на „Епл“, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија. Се […]

Вести

Се актуелизираат помилувањата на Иванов од 2016

Уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата. Вака државните претставници и правните експерти ги оценуваат можните последици што може да ги предизвика евентуалната одлука на Уставниот суд […]

Вести

„Сакаме да дишеме“, марш за чист воздух во Скопје

Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку […]