Состојбата на Мицкоски е стабилна, вели Филипче


Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.


 

-Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В“ на Скопскиот аеродром.

Мицкоски вчера на својот фејсбук профил упарти порака до власта од Инфективната клиника.

-Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од Инфективна, а потоа не чека многу работа, напиша меѓу другото Мицкоски.