Шукова: Потребна е сериозна имплементација на законите за управување со отпад

shukova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите заедно како партнери да собереме сили и конечно да почнеме со сериозна имплементација на законите за управување со отпад, истакна денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на конференцијата „Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“.

Според министерката Шукова, планираното треба да се реализира затоа што во државата веќе се утврдени закони и стратешки документи.


-Сите заеднички треба да вложиме напори, на организацијата МАСВА гледаме како партнер кој што ќе ни помогне во управањето со отпадот во државата. Сите заедно како партнери да собереме сили и конечно да почнеме со сериозна имплементација на законите за управување со отпад. Имаме голем пакет на закони, имаме стратешки документи, знаеме што треба да направиме и останува само планираното да го реализираме, посочи Шукова.

Пред почетокот на дводневната конференција во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Македонската асоцијација за цврст отпад МАСВА потпишаа Меморандум за соработка.

-Документот претставува основа со која што со заеднички сили можеме да се движиме со брзи чекори напред и да се приклучиме на овој воз за циркуларна економија и унапредување на животната средина, нагласи Михаил Матески, претседател на МАСВА.

Како што е познато, МАСВА е здружение на повеќе од 30 компании, невладини организации и индивидуални експерти од повеќе области кои 10 години работаат во сегментот на одржливо управување со отпад во Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK